Воведувањето на јазични смени во средното училиште „Нико Нестор“ во Струга, што требаше да започне од денеска, доживеа неуспех. Учениците Албанци утрово ја бојкотираа наставата во прва смена, по што со одлука на градоначалникот Рамиз Мерко и раководството на училиштето наставата во ова средно училиште е прекината.

Директорката на училиштето, Маре Савеска рече дека настава во втора смена кога според одлуката за воведување две посебни јазични смени требаше да дојдат учениците Македонци, нема да има од безбедносни причини „Немаме инциденти но по состанокот на родителите Албанци имаме сознанија дека во попладневната смена можат да дојдат на настава ученици Албанци кои требаше да дојдат во прва смена“, рече Савеска.


Неуспешен обид за воведување јазични смени во „Нико Нестор“

Раководителот на сектторот за образование при локалната самоуправа, Џејми Хајредини, рече дека одлуката на МОН за воведување јазични смени не може да се примени затоа што постојат два спротивни ставови на родителите Македонци и Албанци. Тој информираше дека попладнево ќе биде одржан итен состанок помеѓу претствници на Советот на општината, Советот на родители, наставниците и раководствата на средните училишта, со цел како што кажа, да се изнајде излез од новонастанатата ситуација.


Муса Мусаи

Бојкот на наставата денеска имаше и во соседното училиште „Ибрахим Темо“, каде на настава утрово не дојдоа учениците Македонци од трета година. Според доректорот  на чилиштето Муса Мусаи кризата во струшкиот средношколски центар е политичка за што тој го обвини ВМРО ДПМНЕ. „Целта е Македонец да биде градоначалник на Струга и затоа се случуваат овие настани, но тоа е многу опасна игра“, рече Мусаи.

На состојбите во струшкиот средношколски центар денеска реагираше и Синдикатот за образование, наука и култура.  СОНК соопштине не се согласува со одлуката за настава во одвоени етнички смени во Средното техничко училиште „Нико Нестор“ во Струга. Ваквото, неприфатливо решение ќе предизвика негативни последици и во другите училишта со мешан етнички состав на учениците и ќе предизвика нови поделби во општеството-смета СОНК.

Ohridnews