Македонските работници од осум часа работно време ефективно работат само четири. Слични на нас се Србите и Црногорците. Неколку часа поефективни се Грците и Бугарите кои на работните места навистина работат ефективно и по шест часа. Најдобри се Словенците кои само еден час од работното време го “поминуваат во празно“, пишува „Нова Македонија“.

Весникот наведува дека странците биле вџашени од овие податоци за Македонија, по што ја вратиле на преиспитување одлуката за инвестирање во нашата земја. Некои од нив дури барале одредени погодности за да ја искомпензираат неработливоста на македонските работници.

OhridNews