Постари Македонци, Срби и Хрвати од Канада се оштетени за 5.000 до 10.000 долари во организирана криминална операција спроведена од источна Европа.

Луѓето биле повикувани од страна на лица што им се претставувале како претставници на миграциона служба од странска земја. Лажните службеници тврделе дека во притвор држат роднина на жртвите кој бил на пат да ги посети во Канада и за тоа барале пари што ќе ги покриеле трошоците за нивно ослободување и авионски билет.


За приказната да биде уверлива, лажните службеници го говореле мајчиниот јазик на жртвите, а кај нив се јавувале откако претходно ќе собереле информации за семејството на жртвите.

 Жртвите повиците ги добивале во попладневните часови според канадско време, кога вообичаено нивните роднини во Европа спиеле и не биле во можност да ја проверат веродостојноста на повикот.

Секој од жртвите но лажните службеници испратиле од 5.000 до 10.000 долари, мислејќи дека праќаат пари во канадската амбасада.

 Канадските власти водат истрага за случајот.

OhridNews
извор: Makfaks