Оливер со сопругата
Оливер е еден од многуте успешни македонци во Англија. Таму тој е оженет за македонка од Кочани, која ги привршува студиите во Лондон. Цел им е да изградат кариера во Британија, по што би сакале да се вратат во татковината. Кузманоски смета дека Македонија е перспективна држава, и дека не треба да се критикува државата. Погрешно е споредувањето на Македонија со развиените земји во кои работиме, затоа што Македонија иако има богата историја сепак како држава во развој е многу млада и таа оди по својот пат, вели Оливер.
Тони Петроски
Инаку Оливер и Тони во Охрид ги бранеа боите на македонците од Велика Британија на турнирот во фудбал на кој учествуваа тимови од 7 држави. Манифестација ,,ЗАЕДНО ДОМА ВО МАКЕДОНИЈА што во организација на здружението „Корени“ се одржува во Охрид, ќе биде заокружена денеска со прес конференција на која ќе бидат доделени и наградите за победниците во фудбалското првенство.
Денеска ќе бидат доделени наградите на победниците