Исто така беше истакнат транспарент „2012 не крај на светот, тоа е крај за Македонија“. Ова не е прв ваков инцидент на меч од косовското фудбалско првенство. Пред две години на меч во Приштина исто така беше запалено македонското знаме.
Косовската фудбалска федерација не е полноправна членка на УЕФА и ФИФА, а во минатото беа остварени неколку средби на претседателско ниво на македонската и косовската федерација.