Професорите по Физичка култура и здраствено образование од Охрид го развеаја македонското знаме на Планица во Крајнска Гора каде се одржа завршницата од Светскиот куп во скијачки скокови. Пред очите на охридските професори кои имаа работна посета во словенскиот град Љубљана полскиот скокач Камил Стох постави нов рекорд на скокалница со 251.5 метар.

На покана од „Факултетот за Спорт“ од Љубљана и директорот на Втора основна школа од Целје професорите од Охрид од 23 до 26 март присуствуваа на семинар за унапредување и соработка на двете земји во областа на организирање на наставата и можности за имплементирање на нови форми и методи за подобра реализација на часовите по ФЗО и ССА.

При посетата професорите имаа можност да видат со какви ресурси располага факултетот за спорт и како успева факултетот покрај професиналните тренери и федерации преку ситемот на образование да помогне  во продуцирање на врвни спортисти од разни индивидуални и колективни спортови во Словенија, кои можат да се пофалат дека со оглед на бројот на жители одлично котираат во европски и светски рамки.

Охридските професори со своите колеги од Словенија разменија искуства за планирање и подобрување на часовите по ФЗО како и идеи за соработка со другите предмети за  подобра реализација на истите.

Сојузот за училишен спорт јавно им се заблагодарува на домаќините за гостопримливоста со надеж дека ваквите средби ќе продолжат и понатаму.

OhridNews