Македонското знаме високо и гордо се развеа на спектакуларното отварање на Европските игри во Баку, Азербејџан. Пропратено со огномет и точки од културата од земјата домаќин официјално беше означен почетокот на првите игри од ваков вид.
Знаменосец на Македонија во Баку беше каратистот Емил Павлов, кој од 45-те македонски спортисти прв ќе настапи на Европските игри.
Дел од свечената церомонија беше охриѓанката Нина Балабан додека шесте атлетичари од охридскиот клуб подоцна ќе и се приклучат на македонската експедиција во Баку.
Ohridnews