Македонија е земја со одлична инфраструктура за развој на фармерството и земјоделието. Меѓутоа кога станува збор за усогласување со законодаството на ЕУ треба уште многу да се работи  за целосно имплементирање  на сето она што го бара унијата,   порача денес од Охрид Стафан Нилсен од Европскиот комитет  за економски и социјални прашања.


Македонското земјоделство не исполнува ЕУ стандарди

Многу е важно ЕУ  да помогне во целиот овој процес и токму затоа постојат  тие претпристапни фондови. Македонските земјоделци  се уште  не се доволно запознаени со начинот како  до пари од европските фондови кои се наменети за подршка за земјоделието.

На македонските земјоделци во моментов им недостасува поцврсто здружување во земјоделски асоцијации што ќе ги приближи до  мегународните финасиски фондови, рече Нилсен.

Тој најави дека Европскиот комитет во иднина ќе работи на поедноставување  на постоечката легислатива за храна,  нејзино етикетирање како и за заштита на почвата и  употребата на пестициди, а ќе следат  и нови предлози за квалитет на воздухот и климатските промени.

Македонското земјоделство сега не ги исполнува строгите стандарди на ЕУ, но тоа е процес кој ќе биде надминат со помош на лоби држава која ќе ви помогне да ги достигнете потребните стандарди, рече Нилсен.

М. Трајковски / Г. Момироски
фото: С. Костоски