Спотот го изработи продукциската куќа „Т-Рекс“. Режијата е на Иво Трајков, сценарист е Златко Калеников, а како главен протагонист се јавува актерот Никола Ристановски.
Во спотот се поместени прекрасни пејсажи од Тиквешијата, Неготинско, Скопско, Галичица, како и сегменти од Плаошник.
Изработката на спотот чини 120.000 евра, а ќе се емитува на CNN и други светски канали.