Македонските вина се меѓу најдобрите во светот, но  мора да работиме на нивна многу поагресивна промоција, на силна маркетиншка стратегија и на креирање бренд, изјавил денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков по симболичното закројување на лозовите насади на винарската визба „Тиквеш“ по повод празникот Свети Трифун.

Цветков нагласил дека годинава за претставување на македонското вино надвор планирани биле 500 илјади евра, а таргет ќе бидат пазарите во ЕУ, Русија, Кина и САД.

-Минатата година, првпат од потпишувањето на протоколот за вино со ЕУ, Македонија целосно ја искористи квотата од 91.000 хектолитри за безцарински извоз на флаширано вино. Тоа значи дека европските потрошувачи веќе го препознаваат нашиот квалитет и се повеќе го бараат, истакнал министерот.

Според него, до крајот на март годинава се очекува да биде исполнета и квотата од 39 милиони литри за наливно вино.

OhridNews