Македонија е една од првите земји во регионот која спроведе темелни реформи во приватното обезбедување и во моментов таа е многу понапред од некои европски земји, како што е Австрија. Ова беше речено на Меѓународна конференција на тема: “Придонес кон глобалната безбедност преку соработка и размена на знеање, искуства и пракса”, што денеска започна во Охрид.


Македонија добро ги спроведува реформите во домашната легистлатива во што Словенија сесрдно ќе и помога, изјави претседателот на словенечката комора на компании за приватно обезбедување, Инго Паш.


Инго Паш

Македонија во наредните 3-4 години ќе треба да го хармонизира домашното со законодавството на Европската унија, истакна Хилде де Кларк од Европската конфедерација на компании за приватно обезбедување. Таа високо ги оцени напорите на Македонија изразувајќи надеж дека реформите со исто темпо ќе продолжи во наредниот период.


Тихомир Николоски

Претседателот на македонската комора за обезбедување, Тихомир Николовски истакна дека со измените во законот направени минатата година критериумите за отворање и работа на фирми за приватно обезбедување се заострени со што е подигнат квалитетот на нивното работење во интерес на безбедноста на клиентите. Николоски информираше дека од 150 регистрирани компании согласно новите критериуми за работа само 44 ги исполнуваат условите за работа и добиле лиценци за обавување на дејноста. Николоски најави дека комората за обезбедување во соработка со МВР ќе продолжи да работи на хармонизација на домашното законодавство во наредниот период.

ohridnews