Во пресрет на последното коло во регионалната СЕХА ракометна лига, познати се двојките за полуфиналето на завршниот турнир.

Според пласманот на табелата, македонските претставници Металург и
Вардар Про ќе се сретнат во полуфиналето, додека втората полуфинална
двојка ја формираа белорускиот Мешков Брест и хрватскиот шампион КО
Загреб.

Завршниот турнир во СЕХА конкуренцијата ќе се одржува во Скопје од 12. до 14. април.

“Макфакс“