–Веќе четири години се работи на откривање и лоцирање на групи кои работат на трговија со дрога, се работи на откривање на нивните лидери и врските кои истите ги имаат во Турција и во Европа.-вели Тодоровски. Тој нагласи дека минатата година во Македонија бил запленети вкупно 1000 килограми дрога, а во првите пет месеци од годинава запленети биле околу 600 килограми.
Дека Македонија покажува голем успех во борбата со трговијата со дрога потврдија и експертите од Интерпол.
– Размена на информации и соработката која ја има Интерпол со Македонската полиција е на многу високо ниво. Имаме развиено едно ниво на соработка кое што се базира на навистина голема доверба што ни дава уште поголем успех во сите активности.-рече Луис Кортес, Раководител на одделот за криминалистичко разузнавање во Интерпол.
На Меѓународната конференција на експерти од областа на борбата против трговијата со дрога, која е во организација на Бирото за јавна безбедност при МВР, учество зедоа вкупно 25 светски експерти, кои презентираа научни трудови од областа на трговијата со дроги. Исто така учесниците имаа можност да разменат искуства за граничните контроли, реализацијата на националните стратешки програми, засилувањето на разузнавањето во поглед на трговијата со дрога, подобрување на меѓународната соработка, развој на превентивните мерки за намалување на употребата на опојните дроги и слично.