Одложување на пописот за шест месеци, бришење на казнените одредби од законот за попис и учество во организацијата на пописот- денес преку потпишана декларација, побараа преставниците на етничките малцинства во Албанија.
 
Во декларацијата преставниците на македонското, грчкото, српското, црногорското, бошњачкото, ромското, влашкото и египќанското малцинство бараат укинување на казните за декларирање на етничката припадност различна од впишаната во матичната евиденција, вклучување на нивни преставници во организацијата на пописот и обезбедување на копија од пополнетиот пописен формулар за секој граѓани. За целосно исполнување на овие барања, преставниците на малцинствата бараат шестмесечно одложување на пописот, кој е предвидено да се одржи во октомври.
 
Декларацијата е испратена до претседателот Бамир Топи, премиерот Сали Бериша, претседателот на парламентот, Жозефина Топали, до одговорните за пописот и статистика, преставниците на ЕУ и ОБСЕ во Тирана и неколку странски амбасадори.

OhridNews
извор: Makfaks