Претставници на туристиичката заедница, мажоретки и членови на културно уметнички друштва од Црна Гора, со дефиле во центарот на Охрид ги започнаа деновите на македонско – црногорското пријателство. Здружението на пријателство е основано лани, во период кога Црна Гора стекнуваше независност. Еден од иницијаторите за формирање на здружението е познатиот уметник од Охрид Драган Спасески – Охридски.
Драган Спасески – Охридски
Минатата година Т.А. “Атлантик турс“ и Факултетот за Евроинтеграции од Црна Гора, Охрид го прогласија за туристичка дестинација во 2006, а хотелот Десарет за најдобар хотел. Оваа година се очекуваа најмалку 1000 граѓани на Црна Гора да го посетат нашиот град, вели Спасески-Охридски.
“Ова е добра можност пред се за туристичките работници од Охрид , да се продлабочат односите со Црна Гора, да се воведат автобуски линии, чартер летови и да се искорсти тоа што нема визен режим помеѓу двете земји“ , рече Охридски.
Целта на Македонски-црногорското друштво за пријателство, покрај туризмот, е да се продлабочат и културните, научните и политичките врски помеѓу двете пријателски земји, вели Охридски.
Гостите од Црна Гора беа примени и од градоначалникот на Охрид Александар Петрески, а во хотелот Десарет се одржа “Црногорска вечер“ на која уметници, интелектуалци, угостители и туристички работници ги претставија традицијата и потенцијалите на Црна Гора.
Г.М.
С.К.