Македонско-црногорскиот деловен совет, денеска во Охрид ќе ја одржи втората седница. На седницата на која се очекува да присуствуваат претседателите на стопанските комори на двете држави ќе бидат разгледани можностите за унапредување на економската соработкатка.

Македонско-црногорскиот деловен совет е конституиран пред две години во Жабљак, Црна Гора, со цел унапредување на билатералната стопанска соработка меѓу двете земји.

На седницата што денеска ќе се одржи во Охрид се очекува да стане збор и за последиците од светската економска криза врз стопанската соработка помеѓу Македија и Црна Гора.

Ohridnews