Четвртиот состанок на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања, формиран согласно Договорот од Преспа, што се одржа зад затворени врати викендов во Охрид, заврши со заедничко соопштение во кое се наведува дека е извршена детална ревизија на наставните планови (курикулуми) и учебниците. Двете делегации се согласиле да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел
Делегациите на двете страни во конструктивна и колегијална атмосфера извршија детална и сеопфатна ревизијата на наставните планови (курикулумите) по историја, учебниците и помошните наставни материјали (учебни помагала) по историја кои се во употреба во двете земји. Гореспоменатиот материјал треба во најкус можен рок да биде ослободен од какви и да било иредентистички и ревизионистички референци. Врз основа на Преспанскиот договор и во согласност со целите и принципите на УНЕСКО и на Советот на Европа, беше усвоена методологија, опишана во заклучоците, за ревизија на наставните планови (курикулуми) и учебниците. Двете делегации се согласија да го поттикнуваат вклучувањето на повеќе содржини од областа на културата и уметноста во образованието со цел градење на позитивна слика за другиот. – стои во соопштението што го објави македонското МНР.
Во соопштението уште се истакнува дека е постигната согласност за временската рамка за примена на наодите на Заедничкиот интердисциплинарен комитет за историски, археолошки и образовни прашања и доставување на релевантните препораки до Советот за висока соработка.
OhridNews