Преговорите помеѓу Македонија и Грција околу билатералкниот спор со Уставното име на нашата земја ќе се одржат денеска во Охрид.

Министерот за надворешни работи Антонио Милошоски  во вилата на Владата во Охрид, ќе биде домаќин на средбата на специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН во разговорите околу разликите за името помеѓу Република Македонија и Република Грција Метју Нимиц и на двајцата претставници во разговорите од двете земји, амбасадорите Никола Димитров и Адамантиос Василакис.

За прв пат преговорите за името ќе се водат надвор од Њујорк.

Грчкиот преговарач Адамантиос Василакис кој два дена е во земјавава, вчера во Скопје каде имаше дополнителни консултации со амбасадорката на Грција, Пападопулу пред продолжувањето на македонско – грчкиот дијалогот денеска во Охрид.
 
До крај треба напорно да работиме за да најдеме некое решение кое, ќе биде позитивно за двете страни бидејќи сме соседи и треба да се стремиме да најдеме некое решение дури и да заборавиме на историјата. Треба да видиме каква ќе биде иднината“, изјави за македонските медиуми Василакис. Тој не откри детали околун грчката позиција, која кко што рече ќе биде изнесена на преговорите.
 
Медијаторот Нимиц доцна синоќа допатува во земјава  и беше пречекан од  шефот на македонскиот преговарачки тим Никола Димитров.

Македонскиот државен врв во пресрет на денешните преговори уште еднаш го повтори цврстиот став дека промената на уставното име на земјата не доаѓа во предвид.

Г. Момироски