Даниел Мојсов со Војводина и Александар Лазовски со Партизан ќе се судрат во финалето од српскиот куп. 


Во првото полуфинале Војводина и во вториот меч беше поуспешна од Севојно со 1-0 и со севкупни 3-2 се пласираа во финалето, петто во својата историја. Мојсов кој беше стрелец во првиот меч го пропушти ревнашот поради парни жолти картони. 


Црвена Звезда извојува пирова победа над Партизан со 1-0 и не успеа да го намали дефицитот од 2-0 во првиот меч. Стрелец на единствениот гол беше Калуѓеровиќ во 72 минута.

М.П.