Македонските ракометни гиганти Вардар и Металург ќе се сретнат во финалето од 42-то издание на меѓународниот турнир во Струга.
Прво „црвено црните“ со победа над Металопластика 29-26 обезбедија пласман во финалето, а потоа Металург го забележа потребниот триумф со пет голови разлика над Азоти Пулави со 33-26.
Финалето се игра в сабота со почеток во 21:30 часот, а претходно ќе се одиграат натпреварите за трето и петто место.
Мх.П.