Екипата на Вардар денес ќе ја брка рекордната 14-та титула на ракометниот турнир во Струга против тимот на Алкалоид, откако вчера вечер во воведниот натпревар потешко од очекуваното го совлада Ескилтуна Гуиф со 28:26 (14:10). Избраниците на Кире Лазаров пак го совладаа грчкиот шампион АЕК со 26:23 (13:15).

Во возбудлива и динамична игра со квалитетен ракомет иако го загубија првото полувреме со минус два (13:15) тимот од Автокоманда во вториот дел влезе со многу енергија и желба да стигне до финалето. Успеаја да направат пресврт и извојуваат победа.

Голманот Алехандро Ромеро беше еден од клучните во тимот од Автокоманда со осум одбрани во одлучувачки моменти, одбрани пенал и неколку зицери во финишот, кои беа пресудни за крајниот резултат.

Претходно Вардарци иако имаа позитива од четири голови на полувреме и започнаа одлично во првите десетина минути од вториот дел зголемувајќи на плус шест (18:12) сепак Швеѓаните не се предаваа и во последните десет минути влегоа со нерешен резултат (22:22).

Повеќето нерви и искуство на Вардар во реализација на неколку напади беше пресудно за мечот да го однесе во помирен крај и победа од 28:26 и борба за рекордна 14 титула во денешното финале. Дуелот е закажан со почеток во 20:30 часот.

Ескилтуна Гуиф ќе игра во малото финале против Грчкиот шампион АЕК во натпреварот за трето место.

За петтото место на 51. Струшки ракометен турнир силите ќе ги одмерат домаќинот Струга со српскиот претставник Динамо Панчево.

OhridNews

фото. Денис Дуковски