Откако Металург лани во последното коло ја загуби титулата, побара од ЕХФ со вајлд карта да настапува во шампионската лига. Тоа им беше одобрено и во квалификациите за тимовите со вајлд карта “металурзите“ прво ќе се соочат со Пик Сегед, а доколку победат последната пречка ќе биде подобриот од дуелот Монпелје – Висла Плок. Од ЕХФ се уште не откриваат кој ќе биде домаќинот на оваа квалификациска група.
На ждрепката за групите актуелниот македонски првак Вардар, благодарение на успешната сезона на Металург во минатогодишното изданије, директно се пласираше во групите и за противници ги доби Барселона на Кире Лазаров и тимот во експанзија ПСЖ.
Доколку Металург успее да мине, Македонија не само што за прв пат ќе има два преставника туку ќе има ретка можност тие два тима да заиграат меѓу себе.