Култната македонска изворна песна „Македонско девојче“ вечерва доби уште едно, уникатно издание. Познатата оперска певица Елена Мошук, која настапи на отворањето на 58 издание на фестивалот „Охридско лето“, на еден од бројните бисеви, ја изненади публиката на Античкиот театар со изведба на „Македонско девојче“.

Со речиси беспрекорна дикција, романската сопранистка ја донесе познатата македонска песна што беше поздравено со стоечки овации од задоволната публика на Античкиот театар, која вечерва имаше убава можност да ужива во извонредниот настап на оперските пејачи Елена Мошук и Калин Братеску од Романија.

Магичната музичка вечер на отворањето на 58 „Охридско лето“ на Античкиот театар беше збогатена со голем огномет.

OhridNews
фото: Мега продукција