По повод Денот на независноста на Република Македонија Советот на Македонската заедница од Викторија во присуство на неколку стотини македонци на Градскиот плоштад во Мелбурн подигнаа 8 македонски државни знамиња да се веат на високите јарболи заедно со австралиското знаме.


Настанот има историско значење затоа што за прв пат во Австралија се подигнува официјално Македонското знаме на официјално место. Со интонирање прво, на  австралиската химна, а потоа и на македонската високо се подигнаа македонските државни знамиња. Пригодни говори на свеченоста одржаа претседателот на Советот Злате Нически, секретарот Ицо Најдовски и  д-р Миле Терзиевски.



Македонски знамиња развиорени во мелбурн

 ohridnews