На штандовите може да се најдат народни носии, рачно работена бижутерија, скулптури, уметнички слики, но и сувенири кои се работат во малку позната техника, како што е мотивот од тешкото изработен од поцинкована жица.
Занаетчиите се задоволни од интересот кој го покажуваат посетителите. Тие велат дека странските туристи повеќе прашуваат и купуваат сувенири кои ќе ги потсетуваат на убавиот одмор во Македонија.