– Околу 8:30 имавме бомбаш самоубиец, кој излезе дека е бомбаш самоубиец, во автомобил кој експлодира пред седиштето на ИСАФ. Македонските безбедносни сили се едни од главните сили кои ги штитат сите внатре во седиштето и направија извонредна работа пред инцидентот, а исто така и за средување на последиците. Без нивната заштита на повеќе нивоа инцидентот можеше да биде многу полош. Македонските безбедносни сили се целосно одлични. Не може да се бара подобро достигнување од нивното утрово, изјави портпаролот на ИСАФ, Вејн Шенкс, пренесува Канал 5.
Во нападот на бомбашот самоубиец во зелената зона во Кабул, загинаа 7, а повредени се 90 луѓе, меѓу кои и четворица пропадници на Втората механизирана пешадиска бригада на АРМ. Тие се здобиле со расекотини по лицето, а по укажаната лекарска помош се вратиле во
извршување на мисијата.
Состојбата во Авганистан е крајно напната, а командата на ИСАФ очекува нови напади во пресрет на изборите, кои ќе се одржат за помалку од една недела.