Од 12 до 15, септември во организација на Балканската велосипедска унија и бугарската федерација во зимско рекреативен центар – Пампорово се одржува Балканскиот шампионат во планински велосипедизам.
Севкупно се пријавени осум Национални тимови, Бугарија како домаќин, Турција, Кипар, Грција, Македонија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Србија.
Македонскиот национален тим е во полн состав како ретко до сега со вкупно 10 учесници во сите категории:
Елит: Бленди Троци, Александар Ѓуровиќ, Зоран Шишковски
Елит Жени: Анета Антовска
Јуниори: Јован Јованоски, Петар, Упевчески
Кадети: Новица Велјаноски, Кристијан Николов, Влатко Рабаџиски, Драган Цветковски
Живописна патека по падините на Родопите за прв пат се промовира за планински велосипедизам, како дел од проектот за развој на туризмот.
OhridNews