На гастро натпреварот што се одржа во рамки на Саемот за туризам во Сараево, претставниците на ХОТАМ и Македонија освоија пет први и три втори места.

Успехот македонските гатрономи го постигнаа во исклучителна конкуренција на колеги од земјите на Балканот.

Покрај медалите во поединечна конкуренција, македонските гастрономи освоија вредно признание и во екипна конкуренција:

–          Прво место, златен медал за Александар Василев во дисциплината натпревар на бармени

–          Прво место, златен медал за Никола Наумоски во дисциплината натпревар на слаткари

–          Прво место, златен медал за Игор Мечкароски во дисциплината поставување на маса

–          Прво место, златен медал за Драган Буквиќ во дисцплината натпревар на кувари

–          Прво место, златен медал за Драган Буквиќ во дисциплината фламбирање

–          Второ место, сребрен медал за Игор Мечкароски во дисциплината натпревар на келнери

–          Второ место, сребрен медал за Александар Василев во дисциплината натпревар на келнери

–          Второ место за ХОТАМ во екипна конкуренција

–          Златен медал за Љупчо Цветаноски како лидер на екипата

Признанијата на македонските угостители ќе им бидат врачени на свеченост што ќе се одржи во вторник, во 17.30 часот во Златната сала на х. „Инекс“, каде е предвидено да се одржи и прес конференција.

Ohridnews