Конкурсот е организиран од страна на Меѓународната мрежа на средни училишта, а темата на конкурсот е „Изградете мостови во општеството – волонтирајте во вашите заедници!“.
Училиштата од Македонија, како и од 14 земји од регионот, можат до 30 април 2011 година да поднесат предлози на проекти.
Најдобрите проекти, коишто ќе ги избере меѓународното жири, ќе добијат финансиски средства и поддршка во текот на самото спроведување на проектот.
Меѓу проектите кои се очекува да пристигнат се иницијативата да им се помогне на врсниците со потешкотии во учењето, организација на концерти во старечките домови, ангажирање на младите и старите во заштита на животната средина, борба против дискриминацијата и слично.
извор: Makfaks