Македонските туристички потенцијали презентирани во Загреб
28.04.10 15:10
Во престижниот хотел „Антуновиќ“ вчера во Загреб македонските туристички потенцијали беа презентирани пред туроператорите од Хрватска. Презентацијата во организација на нашата амбасада во Загреб и Агенцијата за промоција на туризмот предизвика интерес кај хрватските туроператори и од аспект на тоа да ваква презентација во Хрватска првпат се случува.
Пред околу 30 туроператори беа презентирани туристичките потенцијали но и упатството за субвенционирање за странски туристи. Целокупниот настан беше збогатен со учество на дувачкиот квартет од загребската филхармонија кој изведе стилизирана македонска етно музика, а воедно се дегустираше и нашето вино.
Хрватските туроператори информираа дека секоја година се повеќе туристи од Хрватска патуваат за Македонија, а воедно голем е бројот на регионални патувања преку Црна Гора и Албанија. На презентацијата е договорено е да се организираат ФАМ тури со значајни туроператори од Хрватска да дојдат во Македонија каде на лице место ќе се запознаат со нашите туристички потенцијали.
На 11022025 во 1555 часот на улица „15 Корпус“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид врз основа на Закон за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, од слобода лишија 41 годишно лиц...
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) најостро ја осудуваат тековната кампања за оцрнување насочена кон независните и критич...
Денеска во Прличевата одаја на НУ Библиотека „Григор Прличев“ професор д-р Гордана Такец ги промовираше стихозбирките „Капка среќа“ и „Наслед(е)на љубов“ од авторката Дана Тембелеска Промоцијата ја...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.