Македонските туристички потенцијали ќе бидат претставени на саемот за туризам „Holiday i spa“ кој ќе се одржува во Софија, Бугарија од утре до 14-ти февруари.
Овој меѓународен саем веќе над 30 години е во календарот на најзначајните настани во туристичкиот бизнис и еден од најрепрезентативните во Бугарија. „Holiday i spa“ дава можност на изложувачите да добијат најнови информации за состојбата на туристичкиот пазар во светот, да воспостават корисни контакти за успешна деловна активност, да присуствуваат на презентации и професионални дискусии за актуелните проблеми во туризмот и да разменат искуства со искусни туристички експерти.
Според известувањето кое го има објавено Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, во текот на овој месец Македонија ќе има промотивен штанд и на саемот за туризам „IFT“, кој ќе се одржува во Белград, Србија од 19-ти до 22-ри февруари.
Инаку во текот на изминатиот период Македонија беше претставена на саемите за туризам во Утрехт, Хелсинки, Истанбул и Брисел.
OhridNews