Дваесетина атлетски тренери од Македонија во изминатите неколку дена имаа можност теоретски и практично да се запознаат со современите трендови и техники кои би требало да придонесат за развој на атлетиката во Македонија.


Семинарите од ваков тип се нешто ново за македонските стручњаци, кои ќе се стекнат со непроценливо искуство.


 – Предавачот на семинарот господинот Аким Еке е признат светски експерт – вели Влатко Димитров, селекторот на Македонската атлетска репрезентација . Ваквиот начин на работа е специфичен, бидејќи се споени теоријата и праксата преку специфичните комплекс вежби.

Германецот Ахим Еке е пријатно изненаден од интересот и познавањето на македонските тренери. Тoј смета дека најбитна е волјата за работа која несомнено ја има кај нашите, но и напоменува  дека условите се далеку поразлични од тие во Германија.

– Демотивирачки делува состојбата на терените, квалитетот на тренерите е солиден , но основен проблем е професионализмот. тренерите како што гледам работата и други работи па атлетика им доаѓа како хоби – завршува Еке.

Семинарот со работен наслов “Моделирање на врвни спортисти“ се одржа  под покровителство на МОК во соработка со Атлетската федерација на Македонија.

М.Постоловски