Фудбалската федерација на Македонија и големиот светски производител на спортска опрема, германскиот концерн ПУМА потпишаа нов двегодишен договор во вредност од 700 илјади евра, со што ПУМА останува најголем партнер и спонзор на македонскиот фудбал.
Со овој договор кој е најголем досега ПУМА ќе обезбеди најнова опрема со врвен дизајн за сите наши селекции во наредните две години. Делегацијата на ФФМ во Виена ја претставуваа претседателот на Хари Хаџи-Ристески и генералниот секретар Игор Климпер.
– Морам да изразам големо задоволство од новиот договор што го постигнавме со нашите значајни партнери од ПУМА, кој сигурно е многу поголем од сумата која е договорена, бидејќи опремата што ќе ја добиваат нашите селекции е со дампинг цена и дополнителни попусти до 65 % од реалната цена . Овој договор е уште една потврда и признание за добрата соработка на релација ФФМ – ПУМА но и резултат на задоволството што претставниците на познатиот производител на спортска опрема го изразија од нашиот професионален однос, претставувањето на меѓународната сцена и пред се коректната соработка – изјави по потпишувањето на договорот претседателот Хари Хаџи-Ристески.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com