Македонската машка и женска ракометна репрезентација денес ги дознаа противниците за групната фаза на Медитеранските игри кои ќе се одржат во Алжир.
Машката сениорска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Турција, Грција и домаќинот Алжир.
Ракометарките исто така ќе бидат во Б-групата. Нивни ривалки се: Србија, Португалија и Турција.
Медитерански Игри ќе се одржат во Оран од 25 јуни до 5 јули.
OhridNews