Две убедливи победи за македонските јуниори против соодветната селекција на Бугарија .Избраниците на Вујовиќ во целост ги надиграа нашите источни соседи совладувајки ги со  36 -23 на првиот и 46-19 на вториот натпревар. Најефикасен на првиот натпревар беше Пецаковски со 8,додека Марковски со 10 гола беше најефикасен на  втората конторла .Нашата игра бележи нагорна линија  а формата се темпира за  почетокот на СП.

 -Во овие натпревари покажавме квалитет ,има уште многу да се работи , потребна ни е концентрција во завршницата на нападите во оние контри и полуконтри – рече Вујовиќ по завршувањето на натпреварот .

Она што беше забележително како на последните тренинзи така и на контролите со Бугарија беше одбраната 5-1 и 6-0 но и форсирањето на т.н брз центар .
 
– Брзиот центар е одлика на модерниот ракомет лесни голови го добиваат натпреварот,јас ги спремам овие дечки не само за ова јуниорско првенство него и за понатаму во своите кариери.Точно дека го форсираме тој брз центар бидејки,кој полесно ке се снајде во таква игра го добива натпреварот – завршува Вујовиќ

 До стартот на првенството во зависност од тоа која селекција ќе пристигне порано во Македонија ќе се одигра уште некој натпревар. Договорени се неколку контроли со тимот на Вардар на кои се пробаат тактички варијатни. Вообичаено дечките утре добиваат слободен викенд  а со двојната доза тренинзи продолжуваат од понеделник.

М. Постоловски