Македонската женска ракометна репрезентација во рамки на EHF подготвителната недела за претстојното Европско првенство ќе одигра два пријателски контролни натпревари со репрезентацијата на Норвешка.

Натпреварот на ден 29.09.2022 ќе биде тренинг-натпревар од затворен карактер без присуство на спортската јавност, додека натпреварот закажан на ден 01.10.2022 (сабота) со почеток во 16 часот кој ќе се оддржи во СЦ Борис Трајковски во Скопје ќе биде отворен за сите љубители на ракометот, соопшти Ракометната федерација на Македонија.

Влезот за мечот во сабота ќе биде слободен.

OhridNews