Македонската ракометна репрезентација денес пристигнаа во Германија каде ќе го има своето осмо учество на Европско првенство.

Селекторот Кирил Лазаров претстојниот шампионат го гледа како добра можност неговите избраници да стекнат искуство потребно за понатамошен нивни развој.

Во првото коло ќе играме со Франција, една од најдобрите репрезентации на светот, олимписки првак. Потоа се среќаваме со домаќинот на ЕП, исто така извонредно тежок ривал, а таква и Швајцарија, нашиот противник во последното коло во групата. Ние веруваме во добра игра. Ќе имаме тешка работа. Не се предаваме однапред. Моите избраници може многу да добијат од ваквите мечеви. Ќе се стекнат со големо искуство. Секој нема шанса да игра со Франција и Германија, изјави Лазаров.

Македонскиот национален тим својот прв настап ќе го има на 10 јануари во Дизелдорф со почеток во 18 часот.

OhridNews