Македонската машка ракометна репрезентација загуби попладнево од Египет со високи 34-20 (16-10) во рамки на првото полуфинале на Медитеранските игри во алжирскиот град Оран.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров беа немоќни против египетскиот противник и во текот на целиот натпревар беа во резултатски подредена положба.
Египет, кој до полуфиналето имаше стопроцентен ефект од четири победи, замина на полувреме со предност од шест голови разлика, која во продолжението само ја зголеми и обезбеди пласман во финалето.
Македонските ракометари во натпреварот за бронзениот медал ќе играат против поразениот од вториот полуфинален натпревар во кој вечерва се среќаваат Шпанија и Србија.
OhridNews