Машката ракометна репрезентација на Македонија вечерва со почеток во 20:30 часот во Вараждин Арена го игра првиот натпревар на Светското првенство. Прв противник на “црвено-жолтите” е репрезентацијата на Унгарија.
Избраниците на селекторот Кирил Лазаров вчеравечер го одработија последниот тренинг пред почетокот на Мундијалот и подготвени го очекуваат дуелот против фаворизираните Унгарци.
Македонија на Светското првенство игра во групата Д заедно и со Гвинеја и Холандија. Претходно во нашата група од 18 часот се среќаваат Холандија и Гвинеја.
OhridNews
фото. РФМ