Македонските природни и традиционални убавини претставени во бугарскиот туристички магазин “Destinations-ultimate guide for your holiday“.

Туристичката репортажа за Македонија е со богати содржини и илустрации за неоткриените убавини во нашата дестинација, претставувајќи ги специфичните вкусови и ено-гастро концептот, велат од Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот.

Соработката со туристичкиот сектор на Бугарија и Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, додаваат, е континуирана и присуството во медиумите за туристичка промоција на земјава значи повеќе туристи и повеќе остварени ноќевања од страна на бугарските гости.

OhridNews

фото. АППТ