Марија Ивановска од бендот „Ај Кју“, кој е македонски претствник на овогодинешниот Евросонг, што се одржува во Лисабон, Португалија, на сцената на себе ќе носи рачно изработена уникатна облека, креирана Александар Бимбилоски од познатиот моден бренд „Румор“ – Охрид.

Александар Бимбилоски е во Лисабон со „Ај Кју“ кои екслузивно за OhridNews испратија поздрав до фановите во Охрид.

Марија во првиот дел од песната на себе ќе носи уникатно сако, а во вториот дел рачно изработено боди од охридскиот моден бренд „Румор“, за кое материјали произведуваат само три модни фабрики во Европа. И чевлите кои ќе на сцена ќе ги носи Марија од „Ај Кју“ се уникатни, рачно произведени од португалски дизајнер. Останатите членови на бендот се облечени во тон со детали на облеката кои одговараат на таа што ја носат фронтмените на групата Марија и Бојан.

Покрај Александар во Лисабон е и стилистката Милена Танаскоска, кои се грижат за модните детали и јавните настапи на „Ај Кју“.

Атмосферата во Лисабон е евровизиска, вели за OhridNews модниот креатор Александар Бимбилоски. Евросонгот е тема на разговор број еден во португалската метропола, а малата македонска делегација ужива симпатии. 

Нашите претставници „Ај Кју“ ќе се натпреваруваат во првото полуфинале на 63-то издание на „Евросонг“, што ќе се одржи вечерва. Тие ќе настапат 11 и ќе се обидат да обезбедат пласман во финалето каде Македонија не била од 2012 година. 

OhridNews