Македонските претставници на јуниорскиот „Евросонг“, што вечерва се одржа во Париз, го освоија деветото место.

Кристина, Анастасија, Миха и Филип од „Дајте музика“ се претставија со песната „Green Forces“ со која испратија порака за поткревање на свеста за заштита на животната средина. Дванаесет поени ни додели Албанија, а македонското жири и даде 12 поени на Русија.

Победник на јуниорскиот „Евросонг“ е Ерменија.

OhridNews