Македонската полициска фудбалска репрезентација не успеа да се пласира на завршницата на Балканското првенство кое наредната година ќе се игра во Атина, Грција.

Македонија во одлучувачкиот натпревар за пласман загуби од селекцијата на Кипар со 6-2. Претходно во првото коло нашите полицајци загубија и од Турција со 1-0.


Пласман понатаму обезбедија селекциите на Кипар и Турција кои во меѓусебниот натпревар одиграа 0-0.

М.П.