Параглајдерската репрезентација на Македонија целосно потфрли на третото Европско првенство во прецизно слетување кое изминатава недела се одржа на планината Галичица. “Црвено жолтата“ експедиција од петнаесте земји колку што учествуваа на ЕП го освои седмото место.


Први на пиедесталот се искачија параглајдеристите на Словенија. Сребрениот медал отиде во рацете на Република Чешка додека третопласирана беше селекцијата на Србија.


Во машка конкуренција златниот медал го освои Димитар Ралев од Бугарија. Второпласиран заврши србинот Горан Џурковиќ, а во топ три се пласираше и Матјаш Слуга од Чешка. Кај женските златното одличје го понесе Милица Маринковиќ од Србија. Второпласирана е литванката Јованта Романтик додека место имаше и за чехињата Смучена.


Од македонските параглајдеристи најдобро пласиран беше Мартин Јованоски на 19-та позиција, веднаш зад него односно 20-ти е Кристијан Темелкоски. Борјан Јованоски се најде на 36-та позиција, по него следуваа Ризоски Александар на 53-та и Јованоски Миле на 59 позиција.


Генерален пласман :

1. Словенија 
2. Р. Чешка
3. Србија
4. Бугарија
5. Турција
6. Велика Британија
7. Македонија
8. Русија 
9. Унгарија
10. Литванија
11. Хрватска
12. БиХ
13. Романија
14. Холандија
15. Албанија
Мх.П.