Фудбалската федерација на Македонија праќа информација до навивачите на македонската репрезентација кои сакаат да ја бодрат на натпреварот на 24 март против Италија во Палермо дека платформата, односно линкот https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386 за купување билети од денеска повторно е отворен. Навивачите ќе имаат можност да купат билети до вторник до 12 часот.

Повторното отворање на платформата за продажба на билети на Италијанската фудбалска Федерација е резултат на одлуката на италијанските власти да дозволат исполнување на целиот капацитет на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо.

Македонските навивачи и љубители на фудбалот кои веќе поседуваат кодови за купување на влезници, а од технички или други причини не успеале да ја завршат процедурата за купување на влезници, можат повторно да влезат во системот за продажба на билети и да ги купат бараните влезници.

Лицата кои аплицирале за билети и имаат добиено кодови треба да пристапат на следниот линк за билети: https://www.vivaticket.com/it/ticket/playoff-qualificazioni-mondiali-2022-italia-macedonia-del-nord-guests/177386

Со добиените кодови од одделот за билети на ФФМ ги купуваат истите, а билетот го добиваат во електронска форма.

OhridNews