Најдобриот фудбалер за 2012 во Македонија, Агим Ибраими продолжи со одличните игри во дресот на словенскиот Марибор. Ибраими беше стрелец во победата на Марибор 3-0 над Капошвар.

На голови на контролните натпревари се радуваа поранешните репрезентативци Илчо Наумоски и Бесарт Ибраими.

Наумоски погоди во “покер“ триумфот на Матерзбург против Скендерберг, а Ибраими одигра клучна улога со гол и асистенција во победата на Металург Запорожје 2-0 над Сибир.

Мх.П.