Македонската кошаркарска репрезентација под 20 години претпре тежок пораз од соодветната селекција на Бугарија со 73-38. Македонските надежи во 40 минути игра успеаа да постигнат 38 поени .

Најефикасни, ако може така да се каже во нашиот тим, во кој ниту еден не го заврши мечот со двоцифрен број на поени беа  Никола Гајдаџиев и Горјан Марковски со по девет поени.

Македонија претпре два порази во двата подготвителни меча за Европското првенство (ЕП) во дивизијата Б, кое од 12-22 јули ќе се одржи во Софија.