Македонската фудбалска репрезентација за фудбалери до 21 година одигра само 1-1 на гостувањето кај аутсајдерот Фарски Острови.
Мируваа мрежите по првиот дел, а домаќините први дојдоа во предност и тоа со автоголот на Ристевски. Во 80 минута од мечот резервистот Несторовски го изедначи резултатот.
Во последните моменти од мечот, колосална прилика имаше Фазли, изби очи во очи со гостинскииот голман, биеше ноншалантно по што топката заврши “жива“ во рацете на домашниот голман.
Избраниците на Бабунски ја продолжија позитивната низа, но забележаа реми рамно на пораз. Во наредниот меч, Македонија и гостува на Данска.
М.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com