Пред официјалниот почеток на новата натпреварувачка сезона македонските пингпонгарски репрезентативци од младинските категории учествуваат на меѓународни тренинг кампови и турнири.


На турнирот во Опатија, Хрватска учествуваа јуниорката Ана Стојановска од Крива Паланка и кадетката Софија Хасану од Крушево. Во конкуренција на натпреварувачи од Хрватска, Словачка, Србија и Македонија, Хасану го освои второто место.
Стојановска и Хасану дополнително ќе учествуваат на подготовки заедно со хрватската јуниорска и сениорска репрезентација и репрезентативниот состав на една од германските покраини.
На меѓународниот турнир во Ардино, Бугарија, учествуваа поголемиот дел од репрезентативците во јуниорска и кадетска конкуренција. Борис Секулов од ППК Астраион Струмца го освои второто место. Машката кадетска репрезентација екипно исто така го освои второто место. Солиден настап имале и нашите репрезентативки од младинските категории.
Инаку, поголем број на играчи учествуваа на тренинг камп во Власина во Србија, а исто така дел од нив планираат да учествуваат на кампот во Крупањ во Србија.

 

OhridNews