Нов воен контигент составен од 36 професионални војници и офицери од Втората механизира пешадиска бригада од Охрид свечено беше испратен во мисијата „Слобода за Ирак“.
Главна задача на „Леопардите“ кои во мисијата ќе заминат по Нова година, ќе биде обезбедување на кампот на коалиционите сили во Таџи.
„Со учеството во мисијата Слобода за Ирак, продолжуваме да го даваме својот конкретен придонес во борбата против тероризмот и градењето на мирот и на тој начин се потврдуваме како силен партнер и сериозен кандидат за полноправно членство во НАТО“, рече полковник Киро Галазовски, командир на бригадата на свеченоста во касарната „Михаило Апостолски“.
полковник Галазоски
„Задачите ќе ги извршуваме професионално, дисциплинирано и одговорно, со цел да го оправдаме уште еднаш одличниот рејтинг и углед, што македонските војници го имаат Ирак“, истакна поручник Дарко Стојковски, командант на водот.
Подготвени за Ирак-поручникот Стојаноски
Македонија во Ирак веќе има еден контингент од 30 специјалци, а со испраќањето на новиот контингент бројот на македонските мировници во оваа земја ќе се зголеми на шеесетина.
Г. Момироски